< назад

Балканско првенство за натпреварувачи од 11-14 години - Херцег Нови

Од 29 до 31 мај, во Херцег Нови, Црна Гора  се одржа Балканско првенство за натпреварувачи од 11-14 години. На натпреварот учество земаа 814 натпреварувачи од 11 држави: Македонија, Албанија, Босна, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Косово, Србија, Црна Гора и Турција.
Карате федерацијата на Македонија настапи со 119 натпреварувачи и освои 22 медали од кои 6 златни, 3 сребрени и 13 бронзени медали, со што Федерацијата беше рангирана на второто место во генерален пласман, веднаш после Карате федерацијата на Турција.

Резултати:

Златни медали:
1. Јусра Адеми (КК ГФорца - Скопје) - кумите поединечно 2004 година - 40 кг.
2. Ката тим во состав: Јован Васиќ, Георги Бановски и Христијан Димитријевски (КК Гладијатор - Велес) - ката тим 2001/2002.
3. Петров Ѓорѓи (КК Партизан - Кочани) - кумите поединечно 2004 година -40 кг.
4. Бенан Хоџиќ (КК Кеикс - Скопје) - кумите поединечно 2003 година +50 кг.
5. Фахик Весели (КК Олимпик спорт 2007 - Скопје) - кумите поединечно 2001 година, - 52 кг.
6. Столе Смилковски (КК Олимпик спорт 2007  - Скопје) - кумите поединечно 2001 година, - 57 кг.


Сребрени медали:
1. Георги Бановски (КК Гладијатор - Велес) - кати поединечно 2001 година.
2. Ката тим во состав: Кристијан Бајоски, Давид Спасовски и Томас Мишковски (КК Фунакоши Гичин - Скопје) - ката тим 2003/2004.
3.Дритон Халими (КК Камиказе - Тетово) - кумите поединечно 2001 година, - 52 кг.

Бронзени медали:
1. Николовска Симона (КК Ботони - Скопје) - кумите поединечно 2004 година +40 кг.
2. Александар Неделковски (КК Металург - Скопје) - кати поединечно 2002 година.
3. Владанка Аврамова (КК Урбан Инвест - Кавадарци) - кати поединечно 2002 година.
4. Абдурахим Идриз (КК Форца - Скопје) - кати поединечно 2001 година.
5. Идризи Бујар (КК Шкумбини) - кумите поединечно 2004 година - 30 кг.
6. Арбин Ферати (КК Башкими 2002 - Куманово) - кумите поединечно 2004 година - 35 кг.
7. Ката тим во состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска (КК Урбан Инвест - Кавадарци) - ката тим 2001/2002.
8. Дардан Цека (КК Шкендија) - кумите поединечно 2004 година -40 кг.
9. Глигор Хаџи Кимов (Штип - Штип) - кумите поединечно 2003 година, +50 кг.
10. Ирена Ристиќ (КК Ботони - Скопје) - кумите поединечно 2002 година, - 47 кг.
11. Иво Мишачковски (КК Металург - Скопје) - кумите поединечно 2002 година, - 55 кг.
12. Лирим Емини (КК Башкими 2002 - Куманово) - кумите поединечно 2001 година, - 57 кг.
13. Мики Живков (КК Ботони - Скопје) - кумите поединечно 2001 година, - 63 кг.