< назад

Балканското Првенство за кадети, јуниори и помлади сениори ( јуниори до 21 година ) во Сараево, Босна и Херцеговина

Почитувани,

Ве информираме дека од 09-11.12.2016 година ќе се одржи Балканското Првенство за кадети, јуниори и помлади сениори ( јуниори до 21 година ) во Сараево, Босна и Херцеговина.
Карате Федерацијата на Македонија на ова Првенство ќе патува вечерва со вкупна бројка од 130 лица, натпреварувачи и Официјалната Делегација на КФМ.
Право на настап на ова првенство имаат сите натпреварувачи кои на Државното Првенство се изборија со пласман од прво до четврто место.
Ова Балканоско Првенство е критериум за Европското Првенство кое ќе се одржи во Софија, Бугарија.