< назад

Бронзен медал и две петти места од ЕП за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка

Љупче Михајлов во тежинската категорија -68 кг. освои бронзениот медал во јуниориска конкуренција откако го совлада Август Рамос од Италија со резултат 3:1.

Стефан Стојановиќ во категорија +84 кг помлади сениори У21  го освои петтото место, откако загуби 3:5 од Французинот Уго Хеим во борбата за бронзениот медал.

Ката тимот кадети јуниори (Пешков, Стојановски и Андриќ) го освоија петтото место по поразот од Турција за бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У-21 во Прага-Чешка.

Турците добија оценка 25,72 а нашиот тим 22,28, па така бронзата и припадна на турските каратисти.

На ова Европско првенство настапуваа вкупно 1084 натпреварувачи од 48 држави.