Карате федерацијата на РС Македонија на ден 26 ноември 2023 година, во конгресната сала на домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, се одржа вонредно изборно Собрание. По првата точка од дневниот ред делегатите на Собранието едногласно ја прифатија депонирата оставка на досегашниот претседател Петар Белистојаноски. По втората точка а по предлог на делегатот на карате клубот „Браќа Милодиновски“ Дејан Ристески, за кандидат за претседател на Федерацијата го предложи членот на Извршниот одбор Дејан Чолески. Откако се констатира дека други кандидати за претседател нема, согласно Статутот на КФРСМ се премина на тајно гласање по што изборната комисија соопшти дека со 55 гласа за и 4 неважечки ливчиња за наредниот четири годишен мандар е избран Дејан Чолески за претседател на Карате федерацијата на РС Македонија.
Собранието едногласно ги изгласа и членовите на Извршниот одбор на КФРСМ, односно Дејан Чолески - претседател и членови: Кристијан Младеновски, Бесник Мурати, Боби Војдиновски, Шкодране Дардхишта, Игор Смилевски, Александар Филиповски, Мартин Несторовски и Катерина Богданоска Јаковлеска