< назад

Делегација на КФМ на прием и прес во АМС

Карате федерацијата на Македонија имаше прием во Агенцијата за малди и спорт по настапот на 47. Европско првенство за кадети, јуниори и У21 во Будимпешта. Директорот на агенцијата Дарко Каевски им честита на младите спортисти за двата бронзени медала, при што потенцира дека она што беше ветено пред заминувањето за Будимпешта е реaлизирано. Покрај медалистите, за одбележување се и високите пласмани на петтите места на уште двајца наши натпреварувачи. Тоа е резултат на сериозна и континуирана долгогодишна работа во федерацијата, која постојано има врвни резултати кои ќе бидат соодветно вреднувани.

Селекторот на помлади сениори (У21) Арлинд Хусеини е задоволен од бронзениот медал на Роберто Ацковски, кој имаше пет победи и еден пораз во полуфиналето. Сепак, по минатата година кога во оваа возрасна категорија имавме двајца европски шампиони очекувавме повеќе, но нашите најголеми надежи Манговска и Костовска беа поразени во раната фаза на првенството. Останува да работиме уште понапорно и следната година во Финска да имаме уште подобри резултати.

Александар Кузмановски, селектор за кадети и јуниори го пофали бронзениот медал на Бојан Костов, кој во првиот натап како јуниор освои бронзен медал со пет победи и само еден пораз. За одбележување се настапите на јуниорот Стефан Стојановиќ и на кадетот Матеј Белистојаноски кои беа на чекор до медал, но загубија во борбите за третото место. Двајцата постигнаа по четири победи. Од другите, имавме неколкумина со по две победи кои не беа доволни за повисок пласман. Од девојките најдобра беше Магдалена Божиноска, која оствари пласман на 7 место. 
Ивана Аврамова, селектор во кати за помлади категории го оцени настапот на ова првенество како незадоволително, во кое најдобар беше машкиот тим со пласман на 9-то место. Најголемиот адут, Александар Неделковски не успеа да го мине второто коло.  
Роберто Ацковски е задоволен од бронзениот медал, што е негов најголем успех во кариерата. Во перспектива амбициите му се сениорски европски медал.

Бојан Костов е задоволен од бронзениот медал, што е негов прв во дебито на европските првенства како јуниор. Тоа е продолжување на трофејните резултати во кои како кадет беше европски вицешампион, а потоа и освојувач на бронзен медал на светското првенство.