< назад

Фахик Весели втор на ранг листата за Младинските олимписки игри во Буенос Аирес

На најновата ВКФ ранг листа за Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентиа, каратистот на Македонија, Фахик Весели се наоѓа на втората позиција во категоријата до 61 килограм. Според пропозициите на Светската карате федерација и Меѓународниот олимписки комитет со овој ранк Фахик Весели се квалификуваше на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, за што очекуваме и официјална потврда. Весели оваа година го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржуваше во Сочи, Русија, минатиот викенд беше третопласиран на Младинската лига во Софија, Бугарија, а во 2017 година беше победник на Светскиот куп во Умаг.


Во истата Олимписка категорија, вториот македонски претставник Столе Смилковски се наоѓа на 15. место.


Кај девојчињата во категоријата +59 килограми, Симона Симовска е 10. пласирана, а Сајра Морина која што беше бронзена на Младинската лига во Софија е 19.


Македонски каратисти кои не се наоѓаат на една од првите две позиции на Олимписките ранг листи, својот пласман за настап во Буенос Аирес ќе го бараат на Квалификацискиот турнир во Умаг, кој ќе се одржи на 29 и 30 јуни.


Во кадетската категорија до 57 килограми во машка конкуренција, Марио Свинарски, кој беше 5. на Европското првенство во Сочи и бронзен на Младинската лига во Софија се наоѓа на втората позиција. Во топ 10 кај кадетите е уште и Христијан Стојановски, кој во -63 килограми е 7. рангиран.