< назад

Изгласана доверба на актуелниот претседател Петар Белистојаноски

Врз основа на член 28, став 1, 2 и 4 од Статутот на Карате федерацијата на РС Македонија, на ден 15.10.2022 година, во салата на домот „Даре Џамбаз“ се одржа Вонредно Собрание на КФРСМ на кое се гласаше за доверба на претседателот на КФРСМ.

На собранието беа присутни 68 делегати од исто толку клубови членки на Карате федерацијата на РС Македонија и со право на глас, како и претставници од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет.

По спроведувањето процедурите за определување на Верификациона комисија, Записничар, Работно претседателство и Изборна комисија се премина на гласање. По пребројување на гласовите се констатира дека делегатите на актуелниот претседател Петар Белистојановски му изгласаа доверба со резултат 35 за, 31 против и 2 неважечки ливчиња.