< назад

КФМ - Покана за прес конференција

Ве известуваме дека во вторник на 14 февруари во просториите на Агенцијата за млади и спорт Карате федерацијата на Македонија ќе одржи прес конференција пред заминување на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое ќе се одржи во Софија, Бугарија, од 17-19 февруари. На пресот ќе присуствуваат тренерите на државните репрезентации Александар Кузмановски (кадети и јуниори во борби), Арлинд Хусеини (помлади сениори во борби) и Стојан Андриевски (кати), како и неколкумина репрезентативци кои ќе учествуваат на првенството.