< назад

КФМ организира семинар во соработка со Агенција за Млади и Спорт

Карате федерацијата на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Македонија организираат Семинар со карате тренерите и нивните потенцијални репрезентативци во сите возрасни категории во кумите и кати на теми поврзани со Кампањата ,,Стоп за допингот во спортот,,.

Семинарот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје, на 4 април 2015 година (сабота) со следниот предвиден редослед:

- 11,00 часот: Тренерски семинар во рамки на Карате академија за сите тренери на КФМ, со предавачи од Факултетот за Физичко образование спорт и здравје.

- 14,00 часот: Семинар организиран од Карате федерација на Македонија во соработка со Агенција за млади и спорт на тема ,,Стоп за допингот во спортот,,.

Предавачи на семинарот ќе бидат членовите од Националната Анти Допинг комисија при Агенција за млади и спорт: Др. Илија Стоилов и Др. Зоран Ханџиски.

Директорот на Агенција за млади и спорт, Марјан Спасески ќе биде дел од семинарот и ќе има свое кратко излагање.

На семинарот од 14,00 часот, покрај тренерите треба да присуствуваат и потенцијалните репрезентативци во кумите и кати на Карате федерацијата на Македонија.