< назад

Карате - Олимписки спорт

Почитувани,

Ве известуваме  дека Извршниот комитет на Интернационалниот олимписки комитет (IOС) донесе одлука за вклучување на каратето во Младинските Олимписки игри, кои во 2018 година ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина. Нормите и категориите ќе бидат дополнително одредени, а тоа ќе биде уште еден мотив повеќе за младите македонски каратисти да обидат да се изборат за олимписка норма. По настапот на Медитеранските игри во Мерсин 2013, на Европските игри 2015 година, ова е уште едно големо признание за Светската карате федерација (WKF) и за каратето во глобални рамки, кој е вклучен во најголемите меѓународни натпреварувања под покровителство на Олимпискиот комитет.

Најголемото признание беше оваа година во Рио де Жанеиро кога каратето беше примено за олимписки спорт и ќе биде застапено на ОИ во Токио 2020 година. Покрај редовните натпрварувања, во четиригодишниот олимписки циклус во организација на Олимпискиот комитет каратето спортот ќе биде присутен и на Светските игри во Вроцлав 2107 година, на Медитеранските игри 2018 година, на Европските игри во 2019 година и секако на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Со почит,
Карате федерација на Македонија