< назад

Карате федерацијата на Македонија врачи Златна плакета за успешната соработка со НЛБ Банка АД Скопје

Во знакот на добрата соработка, генералниот директор на НЛБ Банка АД Скопје господинот Бранко Грегановиќ неделава оствари средба со претставници на Карате федерацијата на Македонија.Од страна на Александар Кузмановски, селектор за сениори во борби и Игор Миноски, стручен соработник на Федерацијата беше врачена Златна плакета во знак на досегашната успешна соработка со надеж таа да продолжи и да се продлабочи.

Од двете страни беше искажана голема благодараност како и наклонетост и подготвеност да бидеме силни партнери во реализација на спортските активности на федерацијата. Нашите заложби и во иднина ќе продолжат во оваа насока и искрено се надеваме дека ќе ги неговуваме овие вредности и ќе дадеме значаен придонес за развој на карате спортот.

Златната плакета за афирмација и поддршка на карате спортот ја прими господинот Бранко Грегановиќ, кој додаде дека спонзорствата и донациите во спортот отсекогаш биле важен сегмент за нив и многу добро ја разбираат потребата да се биде помагател на Карате федерација на Македонија со цел подигнување на нивото на нивната работа, како и обезбедување на соодветни услови за постигнување на посакуваните спортски резултати.

НЛБ е близок пријател на многу федерации кои навистина не чувствуваат и препознаваат како блиски партнери и помагатели во спортот.

Со почит,
АД НЛБ банка Скопје  и
Карате федерација на Македонија