< назад

Македонските каратисти пристигнаа во Софија

Делегацијата на Карате Федерацијата на Македонија пристигна во Софија, каде што ќе настапи на 44-то Европско првенство за кадети и јуниори, како и на 9-то Европско првенство за помлади сениори. Младите македонски каратисти кои се изборија за статус репрезентативци преку критериумските натпревари, ги завршија подготовките и дојдоа со амбиции да го дадат максимумот во своите категории.

Ова е прво Европско првенство за помлади возрасни категории по прогласувањето на каратето за олимписки спорт за Токио 2020 година, што ќе биде дополнителен мотив за нашите млади спортисти да се прикажат во најдобро можно издание. Сместувањето е обезбедено во хотелот „Акорд“ во главниот град на Република Бугарија. Натпреварите ќе се одржат од 17-19 февруари во најголемата спортска сала во Бугарија „Армеец“ која е со капацитет од 12.500 места.

Официјалната делегација на Карате федерацијата на Македонија изнесува вкупно 51 лице, меѓу кои се 35 натпреварувачи по категории, стручни лица - тренери, судии, делегат, шеф на делегација, лекар и технички лица. Според пријавите кои може да се видат на Веб страницата на www.sportdata.com овластена од Светската карате федерација (WKF) ова ќе биде досега најмасовно континентално првенство, со рекордни 1147 учесници од 50 земји, што потврдува колкав е интересот за каратето и квалитетот на овој спорт во Европа.

Без оглед на конкуренцијата, како и секогаш, интенција на секој кој ќе се појави на борилиштата е да биде достоен претставник на Карате федерацијата на Македонија и на Република Македонија како држава. На татамите нашите каратисти да го презентираат македонското карате на најдобар можен начин, а од трибините каратистите да се бодрат меѓусебно за да се вратиме со што поголем број медали и перспективно, со потенцијални сениорски медалисти. На последното ЕП за помлади категории, минатата година во Лимасол нашите каратисти освоија вкупно шест медали што е најмногу досега, од кои еден сребрен и 5 бронзени. Во претходните 7-8 години редовно имавме меѓу 3-4 трофеи, што сведочи за квалитетот на оваа генерација млади спортисти и сериозноста во работата со нив. Ако се базираме на претходниот период, очекуваме резултатите во Софија да бидат на слично ниво, затоа што во овој состав имаме петмина натпреварувачи кои веќе освојувале медали од ваквите европски првенства.

Во продолжение е листата на натпреварувачи во борби и кати, кои ќе ја претставуваат Република Македонија на ЕП во Софија.

ЛИСТА НА НАТПРЕВАРУВАЧИ