< назад

Одржани предавања за анти-допинг на д-р Стоилов

Во текот на вчерашниот ден се одржа третиот собир на карате репрезентативците кои се подготвуваат за светското првенство во Линц, Австрија кое ќе се одржи во период од 25-30 октомври. Покрај редовните заеднички тренинзи кои беа од тактичка техничка, нашите најдобри каратисти имаа уште неколку обврски, кои се дел од процесот на подготовки. Меѓу нив се и презентирање на резултатите од контролните мерења кои беа извршени на институтот за физиологија при медицинскиот факултет на универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, со што беа запознати тренерите и членовите на Извршниот одбор на федерацијата.

 

Понатаму, во согласност со обврските за едукација и превентива од недозволени стимулативни средства, д-р Илија Стоилов, претседател на комисијата за антидопинг на Република Македонија одржа предавања на тема анти-допинг и барање дозвола за терапевтска употреба на забранети медикаменти. Тоа е дел од обврските што Карате федрацијата на Македонија ја има кон Агенцијата за млади и спорт која издвојува средства за вакви едукативни предавања и за анти-допинг тестирања, согласно националната стратегија и меѓународната конвенција за чист спорт.