< назад

Одржано Државното изборно првенство и Плеј оф за кадети, јуниори и помлади сениори У21

Изминатите два викенда, на ден 26.11 во салата „Младост“ во Гостивар како и на 04.12.2022 година во салата „Работнички“ во Скопје, се одржаа Државното изборно првенство и Плеј оф натпреварите за кадети, јуниори и помлади сениори У21. На Државното изборно првенството беа пријавени вкупно 48 клубови со 220 пријави на натпреварувачи.

Победниците од двете првенства ќе настапат како репрезентативци на следното Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори што ќе се одржи од 03-05.02.2023 година во Ларнака, Кипар.

Целосните резултати од Државното изборно првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 можете да ги погледнете на следниот линк.

 

Резултатите од Плеј оф првенството за кадети, јуниори и помлади сениори У21 можете да ги погледнете на:

Извештај - Плеј оф

Косистеми - Плеј оф

Бодовни листи - Плеј оф