< назад

Отварање на Европски игри

Нашиот каратист Емил Павлов  ќе ја има честа, денес, со почеток во 18,00 часот по македонско време, на церемонијата на отварање на првите Европски игри да го носи македонското знаме. 
На првите Европски игри во Баку, под покровителство на Македонскиот Олимписки комитет се спортисти од девет спортови меѓу кои прв настап ќе имаат каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски.
Емил Павлов  ќе настапи во текот на утрешниот ден, во категоријата кумите – 60 кг.,  и во  првото коло тој ќе се натпреварува со Евгениј Плахутин (Русија), во второто коло со  Агуџил Софијан (Франција).  Третата борба ќе биде против Марко Антиќ (Србија).
Мартин Несторовски, ќе настапи во неделата, во категоријата +84 кг., и прва борба е со Спиридон Маргаритопулос (Грција). Втората борба против Шахин Адамов (Азербејџан), а третата борба  ќе биде против Енес Еркан (Турција).
Во полуфиналните борби се пласираат прво два рангираните каратисти од двете групи.
Емил Павлов и Мартин Несторовски ќе ги предводи тренерот на државната репрезентација Петар Белистојаноски.
Како дел од судиската елита која ќе суди на Европските  игри е и Боби Војдиновски Светски судија во кати и борби.