< назад

Прес конференција по повод Меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“

Карате федерацијата на Македонија одржа прес конференција во Агенцијата за млади и спорт по повод Меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“. 

На прес конференцијата присустваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски кој истакна дека како резултат на големиот интерес по повод 50 години од постоењето на каратето во Македонија минатата година и  реализацијата на јубилејниот турнир „Трофеј на Македонија", падна одлука за традиционално одржување на еден ваков вид меѓународна манифестација.

Потребата за еден ваков чекор доаѓа од масивноста на млади кои се занимаваат со карате, но и големиот број на каратисти кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, додаде Каевски.

Покрај Каевски, на прес конференцијата свое излагање имаа и тренерите на државните репрезентации во борби и кати Сашко Арсовски и Стојан Андриевски, како и Европскиот шампион Емил Павлов, златниот од Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија Берат Јакупи и Наташа Стефановска и Ферри Исиќ.

Меѓународниот турнир “Трофеј на Македонија”, претставува собир на кој покрај македонските репрезентативци ќе учествуваат и каратисти од Албанија, Бугарија, Косово, Словенија иТурција.