Пред поаѓање за најзначајниот настан за оваа година - 26тото светско првенство за сениори што ќе се одржи од 24 до 29 октомври 2023 година во Будимпешта, Унгарија во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција со претставници на дел од тимот што ќе учествува на ова првенство односно вд претседателот Бесник Мурати, селекторите Александар Кузмановски и Стојан Андриевски, спортистите Емил Павлов, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Вероника Костовска, Давид Спасовски како и директорот на АМС г-динот Наумче Мојсовски.
Директорот Мојсовски истакна дека е пријатно изненаден од информацијата за успешно реализираната соработка со карате елитата од Хрватска, со надеж дека споделеното искуство ќе биде мотив плус за подобри резултати во Будимпешта. Меѓу другото тој им посака на сите репрезентативци успешен настап на ова светското првенство, и секако повторување на остварениот медал на Емил Павлов како и успешен настап на новите сениори во тимот.
На пресот свои излагања имаа вд претседателот Бесник Мурати, селекторите Александар Кузмановски и Стојан Андриевски, како и сите присутни репрезентативци.