< назад

Претседателот Белистојаноски потпиша Меморандум за соработка со УТМС

Претседател, Петар Белистојаноски денес потпиша меморандум за соработка со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски.

Со Меморандумот, Универзитетот и Федерацијата се обврзаа да соработуваат на проекти и активности насочени кон популаризација и промоција на каратето како спорт во државата и пошироко, но и за зајакнување на капацитетите на Федерацијата преку поддршка, обуки, работилници и семинари од областа на експертиза на Универзитетот.

Со Меморандумот, Универзитетот за туризам и менаџмент додели и десет стипендии за упис на додипломски или на постдипломски студии за членовите и соработниците на Карате федерацијата на Република Македонија.

На членовите на Карате федерацијата ѝ посакуваме многу спортски успеси и во оваа година!