< назад

Прием кај Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески

Агенцијата за млади и спорт на 03.06.2015 година, организираше прием  со членовите на македонската карате репрезентација за деца од 11-14 години, кои остварија одлични резултати и освоија 22 медали на неодамна одржаното Балканско првенство во Херцег Нови, Црна Гора со Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Тој им ги честита постигнатите успеси на освојувачите на медали и истакна дека:
- Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се докажа и на ова Балканско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја.

- Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена

Директорот Марјан Спасески им порача на младите каратисти да продолжат со напорна работа и да ги достигнат успесите на нашите сениори Наташа Илиевска, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Ардита Исени, Огнен Груевски, Берат Јакупи, Мартин Несторовски и европскиот шампион во сениорска конкуренција Емил Павлов.
Им го честита успехот на и  тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезентацијата и рече дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува овој спортот во државата.