Сениорската репрезентација ги спроведе подготовките пред настапот на Европското првенство за сениори што ќе се одржи од 08-12.05.2024 година во Задар, Хрватска.
Селекторите во борби Александар Кузмановски и во кати Стојан Андриевски истакнаа дека се задоволни од прикажаното на целиот тим на овие припреми, како од интензитетот, посветеноста, дисциплината, така и од високиот морал на секој од нив за остварување на високи резултати на ова Европско првенство.
Условите во кои се реализираат овие подготовки во салата на институтот за спорт при Факултетот за физичко образование и спорт беа на завидно ниво што се заедно дава надеж дека и на ова Европско првенство нашата репрезентација достојно ќе ја претстави нашата земја.