< назад

Резултати од Светко првенство во Линц

Почитувани,

ве известуваме за настапот на македонските каратисти на 23-то светско првенство во Линц, кое беше прво откако каратето стана олимписки спорт. Најдалеку стигна Емил Павлов, кој дојде до 5 -то коло, но беше поразен во решавачкиот меч, кој водеше во борба за медал. Три победи постигна и Симона Заборска, која исто така во клучниот меч беше поразена и не доби шанса да се бори за висок пласман. По категории нашите каратисти ги постигнаа следните резултати :

Борби :
(мажи)
-60 кг, Емил Павлов :
1 коло - слободен,
2 коло - Лароса (Уругвај ) 6-2,
3 коло - Чун (Хонг Хонг) 3-0,
4 коло - Пинто (Португалија) 2-0,
5 коло - Ферзалиев (Азербејџан) 0-1.
Без репасаж.

-67 кг, Ненад Келебиќ :
1 коло - Лау (Хонг Конг) 4-0,
2 коло - Фахад (Саудиска Арабија ) 0-0, победа на изјаснување,
3 коло - Паруха (Белорусија) 0-2.
Без репасаж.

-75 кг, Енес Смајлагиќ :
1 коло - слободен,
2 коло - Томас Скот (САД) 0-3.
Без репасаж.

- 84 кг, Петар Спасеновски :
1 коло - слободен, 
2 коло - Ернандез (Шпанија) 4-1,
3 коло - Исакау (Белорусија) 0-1.
Без репасаж.

+84 кг, Жарко Арсовски :
1 коло - Квесиќ (Хрватска) 1-6.
Без репасаж.

Екипно :
1 коло - Македонија (Цветковски, Спасеновски, Несторовски, Заборски, Арсовски) - Саудиска Арабија (Алараби, Алкатами, Алтаиби, Алтуркистани, Хамеди, Кафас) 2-1, 
2 коло - Македонија (Несторовски, Павлов, Цветковски, Заборски, Арсовски)- Данска (Карлсен, Корбалан, Лингард, Диаз, Неле, Палесен, Педерсен) 1-2.
Без репасаж.  

(Женска конкуренција)
-50 кг, Сара Радичевска :
1 коло - Барулец ( Хрватска ) 0-2.
Без репасаж.

-55 кг, Симона Заборска :
1 коло - Халодова (Словачка)  4-0,
2 коло - Гасимова (Азербејџан) 1-0,
3 коло - Робинсон (САД) 3-0 ,
4 коло - Сални (Малезија) 0-0, пораз на изјаснување.
Без репасаж.

-61 кг, Наташа Стефановска :
1 коло - слободна,
2 коло - Јоница (Романија) 1-0,
3 коло - Фактос (Еквадор) 3-4.
Без репасаж.

Екипно :
1 коло - Македонија (Радичевска, Стефановска, Заборска) Унгарија (Барта, Молнар, Варга) 1-2
Без репасаж. 


Ката - поединечно 
Поликсенија Јованоска :
1 коло - Ксену (Грција) 4-1,
2 коло - Балчиарова (Словачка) 1-4.
Без репасаж.

Екипно
1 коло - Македонија (Димска, Димоска, Јованоска) - Перу (Романи, Салседо, Уседа) 3-2,
2 коло - Македонија - Италија (Батаља, Ботаро, Пецети) 1-4.
Без репасаж. 

На СП во Линц настапија вкупно 1024 каратисти од 118 земји, што е рекорд во историјата на светските шампионати. Македонија ја претставуваа 14 каратисти, и за првпат ниту еден од нив не доби можност за репасаж. Македонија останува со еден медал на досегашните светски првенства, кој го освои Жарко Арсовски во Белград 2010 година.