< назад

Резултати од првиот ден од Премиер лигата во Истанбул

На првиот ден од Премиер лигата во Истанбул, Турција свој настап имаа пет каратисти од Р. Македонија.

Во категоријата до 75кг. Енес Смаилагиќ стигна до 3. коло каде беше сопрен од Веј Чун Су од Тајпеј со 4-0. Во 1. коло Смаилагиќ беше слободен, а во 2. го совлада Мурат Оз од Турција. Во истата категорија Петар Заборски во 1. коло го совлада Иса Рзаболов од Казахстан со 2-1, а  во 2. коло беше сопрен од Џои Келавај од Англија со 6-3. Во -75кг. на самиот старт својот настап го заврши Ферат Корбулиќи кој загуби од Естонецот Павел Артаманов со 8-0.


Во првата борба својот настап во Истанбул го завршиja и Ненад Келебиќ, кој во категоријата до 67кг. по судиско изјаснување беше поразен од Грузиецот Давит Патаридзе, како и Јована Георгиева која во -55кг. загуби од Австријката Јулија Рајтер со 2-0.