< назад

Резултати од Европските игри во Баку

На Европските игри што се одржуваат во Баку, Азербејџан, Емил Павлов и Мартин Несторовски остварија огромен успех со освојување на бронзените медали. Емил Павлов во категоријата -60 кг., во првото коло се бореше со Евгениј Плахутин од Русија и мечот го заврши со резултат 0:0. Во второто коло го победи Французинот Софијан Агуџил со 2.1 а во третото коло против натпреварувачот од Србија Марко Антиќ резултатот заврши нерешено. Во полуфиналето Емил водеше до последната секунда со 4:2, но сепак изгуби на казнени поени и дисквалификација од натпреварувачот на Азејберџан, Фирдовси Ферзалиев. Во борбата за бронзениот медал повторно се бореше со Марко Антиќ од Србија, кого го совлада со резултат 2:0. Мартин Несторовски во категоријата +84 кг., во првото коло настапи со Гркот Маргаритопулос и борбата заврши нерешено. Во второто коло Мартин извојува победа над домашниот натпреварувач Шахин Атамов со резултат 5:3 а во третата загуби од Светскиот првак Енес Аркан од Турција со резултат 0:3. Во полуфиналето Мартин изгуби од Германецот Џонатан Хорне со резултат 0:5, а во мечот за бронзен медал Мартин го победи актуелниот европски шампион Слободан Битевиќ од Србија со 5:3.

Со тоа македонските каратисти со остварена норма од претходното ЕП во Истанбул се пласираа на Првите Европски игри се враќаат од Баку со две медали. Се очекува тие да пристигнат на аеродромот во Скопје околу 20 часот.