< назад

Сашко Арсовски е добитник на државната награда „8 септември“

Тренерот на државната репрезентација во борби Сашко Арсовски е добитник на државната награда „8 септември“ која се доделува во областа на спортот. Доделувањето на наградите се одржа во Свечената сала во Собранието на Република Македонија.

Сашко Арсовски професионално се занимава карате спортот,има освојувано признанија на повеќе Европски и Светски првенства.Истиот е сопственик и воедно тренер на најуспешниот Карате Клуб-Штип од Штип во нашата држава, како и тренер на државната репрезентација во борби.

Во оваа година Арсовски како тренер на државната репрезентација беше дел од успехот на Емил Павлов кој стигна до златниот медал на Европското првенство во Нови Сад, Србија.

Како клупски тренер Арсовски има: Бронзен медал од Светско првенство во карате за Сениори, со Жарко Арсовски  од Белград – Србија во 2010 година, златен медал со Емил Павлов на  Европско првенство во Тампере – Финска во 2014 година, Бронзен  медал со Емил Павлов на  Европско првенство во, 2016 во Монтпеље – Франција и Бронзен медал со Емил Павлов на Европските Олимписки игри во Баку – Азербејџан, 2015 година.

Арсовски беше предводник и на делегацијата на каратистите од Македонија која за прв пат настапи на Медитеранските игри кои се одржаа во Тарагона, Шпанија. На овие игри каратето беше најуспешен македонски спорт со освоено едно злато на Берат Јакупи и две бронзи на Ненад Келебиќ и Жарко Арсовски.

Арсовски Ја водеше Македонија и на Балканското првенство во Истанбул кое беше историско за карате спортот бидејќи на шампионатот каратистите на Македонија освоија 11 медали од кои 6 златни во вкупно 14 категории.