< назад

Сениорската репрезентација подготвена за настап на Светското првенство во Будимпешта

Сениорската репрезентација ги спроведува завршните подготовски пред настапот на Светското првенство што ќе се одржи од 24-29.10.2023 година во Будимпешта, Унгарија. На седум дена пред почетокот на овој најголем карате настан во оваа година директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини заедно со претседателот на Судискта комисија Благој Атанасов ги посетија нашите репрезентативци кои ќе ги бранат боите на Македонија на ова првенство.

Селекторите во борби Александар Кузмановски и во кати Стојан Андриевски истакнаа дека се задоволни од прикажаното на целиот тим на овие завршни припреми, како од интензитетот, посветеноста, дисциплината, така и од високиот морал на секој од нив за остварување на високи резултати на ова Светско првенство.

Условите во кои се реализираат овие подготовки во хотелот „Истатов“ во Дојран како и спортската сала во непосредна близина се исто така на завидно ниво што се заедно дава надеж дека и на ова Светско првенство нашата репрезентација достојно ќе ја претстави нашата земја.