< назад

Сребрен медал во Чачак за сениорскиот тим

Сенирската екипа на Македонија на турнирот Златен појас на Чачак 2012 во силна конкуренција од 11 држави (Шведска, Словачка, Хрватска, Бугарија, Русија, Словенија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија, актуелниот светски првак) втор пат последователно го освои второто место, веднаш зад домаќинот - екипата на Србија. Второто место е изборено со победа врз екипата на Русија со резултат 2:1 и екипата на Босна и Херцеговина со резултат 1:0. Во финалниот меч загубивме од екипата на Србија со резултат од 2:1.