< назад

Столе Смилковски најдобар младински спортист за 2021 година

И овогодинешниот избор на најдобри спортисти за 2021 година организирано од страна на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, не остана без номинации за Карате федерацијата на Македонија, нејзините стручни лица и секако спортисти. И оваа година Емил Павлов беше предложен во категоријата Спортист на годината, Пулексенија Јованоска во категоријата Спортистка на годината, Столе Смилковски во категоријата Млад спортист на годината, Александар Кузмановски во категојата за најдобар тренер, Карате националниот тим за најуспешен национален тим и секако Карате федерацијата на Македонија за најуспешна федерација на Македонија. 

Оваа година федерациите и стручното жири на каратето му оддадоа признание на нашиот млад потенцијален каратист Столе Смилковски со доделување на главната награда за Најуспешен млад спортист за 2021 година. 

Во неговото обраќање Столе меѓу другото истакна: „2021 за мене беше успешна година и со право можам да кажам дека ми преставува чест и задоволство што бев избран за најдобар млад спортист на Македонија за 2021. Добив Оскар тоа е едно признание а и мотив плус би рекол сон на секој спортист од Спртските сојузи од АМС и од МОК се здобив со признание најдобар млад спортист за 2021 со освоениот медал во карате борби за помлади сениори до 21 година во Тампере Финска.

Како што кажав и на свечената церемонија така и на цела македонска јавност ќе кажам дека не застануваме тука одиме понатаму заедно со Карате Федерација на Македонија заедно со сите натпреварувачи од Карате клуб Олимпик овој резултат не беше случаен јас сум и европски медалиста од 2016 од Лимасол Кипар неколкупати балкански шампион и 11 пати државен првак.“