< назад

Трибина „Жената и спортот“

Во просториите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Карате федерацијата на Македонија организираше трибина насловена како „Жената и спортот“. 

На настанот свое предавање имаше деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Ленче Алексовска на која и беше врачена плакета за соработка на КФМ и ФФОСЗ по повод јубилеј 50 години карате во Македонија кој беше одбележан минатата година. 

На настанот свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој е покровител на настанот. 

 

На трибината присутни беа најголемиот дел од сениорските натпреварувачки, тренери и судии кои ја претставуваат Македонија на врвни натпреварувања ширум Светот. 

Покрај жените од карате спортот во Македонија, на трибината присуствуваа и претставнички од медиумите.