И вториот ден на Балканското првенство за сениори и ветерани помина со успеси од нашите репрезентативци. Најпрво нашиот машки ката тим успеа да го освои сребрени медали и со тоа да го остварат најдобриот сениорски резултат на овие натпреварувања. Во индивидуален настап во машки кати Кристијан Бајовски го освои петтото место.
Во дисциплината борби сребрени медали освоија Емил Павлов во -67 и Берат Јакупи во -84 кг. Со бронзени медали се закитија Фахик Весели во -60 кг како и Петар Заборски во -75 кг. а во истата категорија -75 кг и Мурсел Мисини го освои 5тото место.
На церемонијата на свеченото отворање на ова Балканско првенство за сениори и ветерани, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, господинот Данчо Марковски кој на нашите репрезентативци им честиташе за остварените резултати на ова ова првенство а многу успеси им посака за настапот на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи од 24-29 октомври во Будимпешта, Унгарија.
Спортскиот дел од свеченото отворање на ова првенството му беше доделено да го отвори претседателот на нашата судиска комисија, господинот Благој Атанасов.
Последниот ден, недела е резервиран за дисциплината кумите во тимските настапи, каде и нашата репрезентација ќе настапи со свои натпреварувачи.