Златен медал за Стефан Стојановиќ и бронза за Матеј Белистојановски на вториот ден од Европското првенство во Тампере, Финска
Стефан се закити со златниот медал откако во неизвесна борба со голем број одлични акции го совлада италијанецот Матео Аванцини со 5:4. Претходно во првото коло Стефан го победи французинот Амир Зуаои со 4:0, во второто коло против чехот Мартин Елиас победи со 3:2, во третото коло беше подобар и од литванецот Артјом Јермолаев благодарение на прв освоен поен, откако резултатот беше 1:1. Во полуфиналето го победи пољакот Хубер Јароцки со 2:1 а во финалето против италијанецот Матео Аванцини успеа да го освои златниот медал и стана европски првак во најтешката категорија за јуниори.
Матеј Беслистојановски се закити со бронзен медал во категорија- 52 килограми откако во меч за бронзата го декласира белорусинот Максим Каширски со 9:0. Претходно на патот до бронзата, Матеј ги победи Афонсо Азеведо од Португалија со 5:1, Коре Ансел од Германија со 1:0 а со победата против Жарко Коларов од Србија со резултат од 4:1 се пласираше во полуфиналето, каде што беше поразен на изјаснување при нерешен резултат 1:1 од романецот Мариус Василе Георге.
Денес одлични настапи имаа и Љупче Михајлов кој во категорија -68 кг постигна три победи и загуби во четвртфиналето, а Бојан Костов во категорија -61кг имаше две победи и пораз во четвртфиналето.
Подетално за сите информации од каратето на