Берат Јакупи освои златен медал на Европското првенство во Конја, Турција, во конкуренција на постари јуниори. Во најтешката категорија +76 кг македонскиот репрезентативец оствари 4 победи, и на доминантен начин дојде до златниот медал. Тоа е негово трето злато, откако беше европски првак во категорија на кадети (во Париз 2009 година) и во Измир во категорија на јуниори (2010 година), со што е првиот македонски спортист кој има европски титули во три различни возрасни категории.
Покрај златото на Јакупи кај постарите јуниори, освоени се уште две медали, и тоа Моника Пендаровска во кадетска конкуренција, како и Виктор Крстевски во конкуренција на јуниори. Освен споменатите три медали во борби, Македонија оствари и солиден пласман во кати, каде што нашите каратисти се вракаат со по едно петто место (ката тимот во состав Маријана Димоска, Мишела Димоска и Искра Каракашоска) и 2 седми места (Маријана Димоска и Стефан Костиќ) од Конја. Инаку, на Е П настапија вкупно 801 натперваруваи од 44 земји.

