< назад

Матеј Белистојаноски е медитерански шампион во категоријата до 67 кг

Матеј Белистојаноски е новиот медитерански шампион!

Фантастичен успех за македонското карате и македонскиот спорт!

Нашиот репрезентативец Матеј Белистојаноски го освои златниот медал на Медитеранските игри Таранто 2026 во категоријата до 67 килограми, постигнувајќи еден од најголемите успеси во својата досегашна кариера.

Белистојаноски во финалната борба беше убедлив против Боран Берак од Хрватска, кого го совлада со одличен резултат 6:0, со што заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Матеј Белистојаноски – златен медал, -67 кг!