Карате федерацијата на РС Македонија го организира Државното првенство за сениори, кое ќе се одржи на ден 04.05.2026 година (сабота) во спортската сала „Крсте Мисирков“, нас. Ченто, Скопје. Ова првенство воедно претставува и изборно натпреварување за селектирање на репрезентацијата која ќе ја претставува државата на Европското првенство за сениори, што ќе се одржи во периодот од 20 до 24 мај 2026 година во Франкфурт, Германија.
За ова првенство се пријавени вкупно 75 пријави од 27 карате клубови, со вкупно 84 натпреварувачи во сениорска конкуренција, во машка и женска категорија, во дисциплините кати и борби.
Согласно предвидената сатница, натпреварите ќе започнат во 10:00 часот и истите ќе бидат пренесувани на каналот на МОК ТВ на следните линкови:
Татами 1: https://www.youtube.com/live/0QGhkZfJP40?feature=share

