На Медитеранското првенство што викендов се одржува во Гвадалахара, Шпанија, македонските репрезентативки во дисциплината кати на песок, Владанка Аврамова и Данка Стојкова, со своите настапи успеаја да освојат бронзени медали.
Овој значаен резултат претставува ново признание за македонското карате и потврда за квалитетот, упорноста и посветеноста на нашите натпреварувачки.

Карате федерацијата на Македонија им упатува искрени честитки на Аврамова и Стојкова за постигнатиот успех и им посакува уште многу спортски достигнувања на меѓународната сцена.


