Карате федерацијата на РС Македонија ќе го организира Купот на Македонија за сениори на 20 септември 2025 година, во салата при Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
Ова натпреварување е особено важно, бидејќи победниците ќе обезбедат пласман за Квалификацискиот турнир „Париз 2025“, кој ќе се одржи од 17 до 19 октомври 2025 година.
Најдобрите каратисти ќе имаат можност да ја претстават нашата држава на едно од најпрестижните меѓународни карате натпреварувања.
Дополнително, натпреварувачите кои ќе се пласираат меѓу најдобрите шест (6) по категорија во Париз, ќе обезбедат право на настап на Светското првенство за сениори во Каиро, Египет, кое ќе се одржи од 27 до 30 октомври 2025 година, каде веќе е пласирана нашата репрезентативка Ангела Мојсовска.
Пријавување: Поднесувањето на пријавите е започнато, и сите заинтересирани клубови можат да ги регистрираат своите натпреварувачи најдоцна до 14.09.2025 година (недела) до 24:00 часот на следниот линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=9724

