На ден 20.09.2025 година, во спортската сала при средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово се одржа Купот на Македонија за сениори.
На ова национално првенство беше избрана репрезентацијата која ќе учествува на квалификацискиот турнир „Париз 2025“. На тој турнир ќе бидат определени натпреварувачите кои ќе обезбедат право на учество на Светското првенство за сениори, што оваа година ќе се одржи од 27 до 30 ноември 2025 година во Каиро, Египет.
Официјалните резултати може да се превземат на следиов PDF документ.





