Македонската карате репрезентација е подготвена за нов меѓународен предизвик, а целта е јасна – освојување медали и достојно претставување на државата на меѓународната сцена.
Македонија на претстојното натпреварување ќе настапи со внимателно селектиран состав, кој во овој момент го претставува најдоброто што го има државата во сениорска конкуренција.
Во машка конкуренција ќе настапат: Недим Шакири (-60 кг, Ринија), Матеј Белистојаноски (-67 кг, Олимпик спорт), Љупче Михајлов (-75 кг, Штип), Реџеп Рушити (-84 кг, Куштрими) и Стефан Стојановиќ (+84 кг, Макпетрол).
Дополнително, за екипниот настап се приклучуваат и Филип Стојанов (Кизаме) и Мурсел Мисини (Башкими).
Во женска конкуренција, репрезентацијата ќе ја претставуваат Ива Пецевска (-50 кг), Михаела Мишовска (-55 кг) и Вероника Костовска (-61 кг) – сите од Олимпик спорт, како и Ера Коџа (-68 кг, Дибра) и Ердона Зибери (+68 кг, Фати).
Овие пет натпреварувачки ќе настапат и во екипна конкуренција, додека составот за кати го сочинуваат Владанка Аврамова, Данка Стојкова и Сара Трпковска од Сансaи Метал Апостолов од Кавадарци и Фунакоши Гичин од Скопје.
Стручниот штаб е предводен од селекторот во кати Стојан Андриевски, селекторот во кумите Александар Кузмановски со неговиот помошник тренер Петар Белистојаноски, физиотерапевт Стефан Ефремов, како и делегат и шеф на делегацијата Бесник Мурати. За регуларноста на натпреварите ќе се грижат и судиите Раде Стефановски, Јетмира Дервиши и Валентина Пурдеска.
Подготовките на репрезентацијата се одвиваат според прецизно утврден план, со тренинг-кампови во Хрватска и Катланово, каде формата се темпира до најситни детали. Во стручниот тим владее оптимизам дека натпреварувачите ќе го достигнат својот врв токму во вистинскиот момент.
Очекувањата од овој состав се високи – сите репрезентативци влегуваат максимално мотивирани и подготвени, со јасна цел: напад на медали и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена.
На нашите натпреварувачи им посакуваме успешен настап и достојно претставување на државата на европската сцена.
Со срце, дисциплина и борбен дух – напред кон нови европски успеси!

