< назад

Нашата младинска репрезентација подготвена за Балканскиот предизвик во Хрватска

Македонската младинска карате репрезентација, составена од 74 спортисти, официјално ќе земе учество на престојното Балканско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое ќе се одржи во Риека, Хрватска, од 07 до 09 ноември. На ова балканско првенство учествуваат 1230 натпреварувачи од 13 држави на Балканот. Нашите спортисти ќе имаат можност да ја прикажат својата посветеност, техника и спортски дух пред голем број гледачи и професионалци.

На целата делегација им посакуваме голем успех, квалитетно претставување и многу освоени медали кои ќе ја одразат нивната упорност и труд. Веруваме дека нашите спортисти ќе ги направат сите горди и ќе ја унапредат репутацијата на Македонија во меѓународните карате натпревари.