Нашите млади репрезентативци остварија извонреден настап на Балканското првенство во Риека, покажувајќи висока спортска подготвеност и посветеност. Со освоени вкупно шест медали, тие уште еднаш го потврдија континуираниот напредок на нашиот национален карате тим.
Освоени медали:
Златен медал:
- Данило Божовиќ (Категорија У21, -84 кг) – Балкански шампион
Сребрени медали:
- Реџеп Рушити (Категорија У21, -84 кг)
- Цветан Маргаритов (Категорија Јуниори, -61 кг)
Бронзени медали:
- Ива Пецевска (Категорија У21, -55 кг)
- Иса Елмази (Категорија Кадети, -70 кг)
- Блерина Зендели (Категорија Кадети кати женски)
.jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Федерацијата им упатува искрени честитки на сите натпреварувачи и нивните тренери за постигнатиот успех и достоинственото претставување на државата. Пожелуваме уште поголеми успеси на претстојните меѓународни натпреварувања.
Вредно е да се истакне дека на ова Балканското првенство, четворица наши судии успешно ги положија испитите и се здобија со сертификати за Балкански судии.
Димитар Арсов
Даниел Караманов
Стојан Илиевски
Петар Трајчески

Овој успех претставува значаен чекор во унапредувањето на судискиот кадар и зајакнување на позицијата на македонското судење на меѓународната карате сцена.

