< назад

Никола Атанасовски се стекна со звање медитерански судија

Во пресрет на Медитеранското првенство што ќе се одржи од 12 до 14 септември 2025 година во Гвадалахара, Шпанија, со особено задоволство ја информираме јавноста дека нашиот судија Никола Атанасовски успешно го положи испитот и се стекна со официјална лиценца – Медитерански судија.

Овој значаен успех е потврда за посветеноста, знаењето и континуираната работа на Атанасовски, како и за заложбата на Карате федерацијата на Македонија за унапредување на судиската организација и афирмација на македонското карате на меѓународно ниво.