Македонската младинска карате репрезентација постигна значаен успех на Балканското првенство за кадети, јунири и помлади сениори У21, кое се одржа во Риека, Хрватска, освојувајќи три медали во многу силна конкуренција.
Сребрен медал освои Нуредин Дервиши во дисциплината Ката – Јуниори, демонстрирајќи врвна техника, концентрација и борбеност на натпреварувачката татами.
.jpg)
Вториот сребрен медал го освои Ера Коџа во Кумите У21, -68 кг, по серија одлични натпревари против најдобрите балкански каратисти.

- Бронзен медал заслужено освои Недим Шаќири во Кумите У21, -60 кг, освојувајќи пласман на победничкиот подиум и дополнително потврдувајќи го квалитетот на македонското карате.

Овие резултати се потврда за континуираната работа, професионалната подготовка и посветеноста на нашите млади спортисти и нивните тренери. Карате федерацијата на Македонија им честита на натпреварувачите, нивните клубови и стручниот тим за успешните настапи на меѓународната сцена.
Горди сме на нашите спортисти и уверени сме дека ова е поттик за уште поголеми успеси во иднина!
Денеска беше официјално отворено Балканското првенство во Риека, а присутните имаа можност да ги проследат поздравните обраќања на претседателот на Балканската карате федерација, Давор Ципек, генералниот секретар, Славољуб Пипер, како и градоначалникот на градот Ријека, кои им посакаа успешни настапи на сите учесници и пријатен престој на натпреварувачите и спортските делегации.
.jpg)
.jpg)
.jpg)

