< назад

Уште еден бронзен медал од Медитеранското првенство во Гвадалахара

Покрај успешните настапи во дисциплината кати индивидуално на песок, каде што беа освоени бронзени медали, македонските репрезентативки продолжија со одлични резултати и во тимската конкуренција.

На вчерашниот тимски настап во кати, во состав Владанка Аврамова, Данка Стојкова и Тамара Ристовски, беше освоен уште еден бронзен медал на Медитеранското првенство што се одржа од 12 до 14 септември во Гвадалахара, Шпанија.

Овој нов успех е потврда за квалитетот и континуитетот на нашите натпреварувачи во дисциплината кати, кои со својата посветеност и борбеност го претставуваат македонското карате на највисоко ниво.

Карате федерацијата на Македонија им упатува искрени честитки на Аврамова, Стојкова и Ристовски како и на нивниот тренер Ивана Аврамова за освоениот тимски медал.