< назад

Единство, дисциплина и фокус: младинската репрезентација во завршна фаза на подготовките

Во пресрет на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21), македонската младинска репрезентација во деновите 25 и 31 јануари 2026 година одржаа подготвителни припреми во салата при Основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, Скопје.

Во рамки на подготовките беа реализирани тренинзи во дисциплината кати, кои ги предводеше селекторот за кати Неџби Дервиши за јуниори, во соработка со селекторите Ферри Исиќ за У21 и Муарем Имери за кадети.

Во вториот дел исто така се одржаа и подготвителни тренинзи со репрезентативците во дисциплината кумите, предводени од селекторите за У21 Петар Белистојаноски и селекторот за кадети Дејан Ристески во соработка и координација со директорот на репрезентативните селекции Арлинд Хусеини.

Сите тренинзи поминаа во одлична работна атмосфера, со висок степен на дисциплина, меѓусебна почит и изразен спортски дух, што претставува силна основа за понатамошна успешна подготовка и настап на претстојното Европско првенство.

Карате федерацијата на Македонија изразува задоволство од текот и квалитетот на подготвителните активности, како и од ангажманот и посветеноста на спортистите и стручниот штаб, со уверување дека репрезентацијата подготвено ќе ја претставува државата на ова Европско првенство кое ќе се одржи од 06-08 февруари 2026 година во Лимасол, Кипар.