Во спортската сала „Младост“ во Гостивар се одржа Државното првенство на Македонија за деца како и дополнение на Државното првенство за кадети, јуниори и постари јунири У21, за 10те категории кои поради поместување на Европското првенство за кадети, јуниори и постари У21 поради кризата со COVID19 од февруари за јуни оваа година го изгубија правото за настап поради промена на возрасната категорија.
На првенството учествуваа натпреварувачи од вкупно 49 клубови со вкупно 362 пријави.
Државното првенство за отворено беше прогласено од страна на претседателот на советот на општина Гостивар, г-дин Валбон Лимани а специјален гостин беше и градоначалникот на општина Гостивар, г-дин Арбен Таравари.
Резултатите од Државниот турнир за деца можете да ги проследите на следниот линк: