Хрватскиот карате сојуз потврди дека комплетниот состав на хрватската сениорска карате репрезентација заедно со своите најдобри тренери и селектори во борби кој брои вкупно 20 лица ќе одржат заеднички подготовки со македонската сениорска репрезентација во борби и кати во периодот од 05 до 10 октомври во Охрид.
Подготовителните тренинзи се предвидени во планот и програмата пред настапот на македонската репрезентација на Светското сениорско првенство што ќе се одржи од 24 - 29 октомври во Будимпешта, Унгарија.