< назад

"IN MEMORIAM" Александар Нацевски

Со длабоко жалење ве известуваме дека од комплицакции од COVID-19 почина Александар Нацевски, поранешен претседател на некогашниот Карате сојуз на Македонија (КСМ). Нацевски во својот богат опус своевремено беше претседател на поранешниот градски карате сојуз од 1979 до 1982 година, а потоа беше избран за претседател на Карате сојузот на Македонија, во периодот од 1983-1985 година. Покрај ангажманот во каратето, Нацевски долги години беше висок функционер во Министерството за внатрешни работи.

Карате федерација се заблагодарува за големиот придонес на Александар Нацевски во развој на каратето во нашата држава.