Македонската карате репрезентација не успеа да оствари борби за медали на 56. Европско првенство во Пореч. Нашата најголема надеж Емил Павлов неочекувано загуби уште во 1 коло, од Павле Дујаковиќ БиХ со 3:5 на поени. Неколку наши претставници остварија победи во своите настапи, но тоа не беше доволно за позначајни резултати. Во борби Симона Заборска во -55кг ја совлада Папа од Грција со 1:0 а во 2 коло победи и една од фаворитките, Туба од Турција со 4:2. Во 3 коло убедливо загуби од Русинката Чернишова до 0:8 но доби можност во репасаж, каде што минимално беше поразена од Црногорката Максимовиќ со 0:1.
Покрај нив, уште неколку наши претставници во борби имаа по една победа и пораз и тоа поранешните европски шампиони во У21, Доан Османи до 75кг и Петар Спасеновски-84кг. Кај девојките ист учинок имаа Ангела Мојсовска во -61 и Симона Симовска во +68 кг. Машкиот беше поразен од шпанците додека женскиот тим загуби од италијанките.
Во кати искусната Пулексенија Јованоска стигна до 2 рунда и се пласираше на 11 место, а до 2 фаза стигна и дебитантот Александар Неделковски кој на крајот е 13ти. Екипно машкиот ката тим 9-ти, а допрва се очекуваат натпреварите во екипно борби, мажите против Шпанија, додека девојките против Италија.
На ЕП и покрај кризата со коронавирусот настапуваат 513 натпреварувачи од 47 земји. Ова е последен значаен настан пред Олимписките квалификации, кои ќе се одржат од 11-13 јуни во Париз.