< назад

Конкурс за избор на селектор за јуниори мажи/жени за ката на државните репрезентации на Карате федерацијата на РС Македонија

Врз основа на член 5 став 2 од Правилникот за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на Карате Федерација на Република Северна Македонија, Комисијата за реализација на Конкурсот избрана од Извршниот одбор на Карате федерацијата на РС Македонија објавува

К О Н К У Р С

за избор на селектор за јуниори мажи/жени за ката на државните репрезентации на Карате федерацијата на РС Македонија
    

На Конкурсот може да се пријават кандидати за селектори на Државните репрезентации за следните категории:

• селектор за У12 мажи/жени за ката

• селектор за кадети  мажи/жени за ката

• селектор за јуниори мажи/жени за ката
    

      Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат условите од член 5 од Правилникот за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на Карате Федерација на Република Северна Македонија и тоа:

• Да имаат сертификат од страна на WKF за акредитиран тренер или завршено соодветно образование согласно Законот за спорт;
• Да имаат успешност во тренерска работа (резултати на државно, балканско, европско и светско првенство);
• Да имаат методско – педагошки способности;
• Да ги познаваат натпреварувачките и судиските правила за содветната дисциплина за  која се кандидираат за селектор;
• Познавање на еден светски јазик (официјален на WKF Англиски или Француски);
• Да имаат основно познавање на работа со компјутери;
• Да имаат постигнато резултати како тренер на официјални државни и меѓународни првенства;
• Да достават програма за подготовка на репрезентацијата и реално да го проценат и зацртаат планот за пласман на репрезентацијата и поединците во мандатниот период и реално го проценат буџетот за остварување на зацртаните резултати;
• Да приложат потврда од КФРСМ доколку порано обавувале работа за која се кандидираат;
• Да достави своја лично потпишана пријава со биографија;
• Да достави мотивационо писмо;
• На конкурсот можат де се пријават и странски државјани под услов да ги исполнуваат условите од член 5 од овој правилник.

     Правилникот за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на Карате Федерација на Република Северна Македонија можете да го отворите на следниот линк.

     Сите заинтересирани кандидати своите пријави со потребната документација да ги достават најдоцна 8 дена од распишување на Конкурсот, во канцеларијата на КФРСМ или со препорачано писмо на адреса на Карате федерацијата на РС Македонија, ул. „Столтенбергова“ бр.1. 1000 Скопје, со назнака за Конкурс за избор на селектори на државна репрезентација.
         Комисија за спроведување на Конкурсот