Машкиот кумите тим кој го освои историското 7. место на Светското првенство кое од 6 до 11 ноември се одржа во Мадрид, Шпанија заедно со тренерите на државните репрезентации во кумите Сашко Арсовски и кати Стојан Андриевски беа на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Каевски го поздрави овој успех на каратистите на Македонија, кои уште еднаш го докажаа својот квалитет и продолжија со трендот на успеси на големите турнири. Тој напомена дека одличната соработка која што ја имаат Агенцијата за млади и спорт и Карате федерацијата на Македонија и понатаму ќе продолжи и се надева на уште поголеми резултати во наредната 2019 година.ж
За потсетување машкиот тим во борби на Светското првенство ги совлада репрезентациите на Израел и Бразил, а беше поразен од сребрените и бронзените на овој шампионат репрезентациите на Турција и Јапонија.