< назад

Одржано државното изборно првенство за сениори

Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје на 26 септември 2021 година (недела), се одржа Државното изборно првенство за сениори. На првенството вкупно беа пријавени 25 клубови со 94 пријави на натпреварувачи.

На ова првенство свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гази Баба кој ги поздрави сите натпреварувачи и присутни а на победниците кои ќе се стекнат со право за настап за светското првенство што ќе се одржи од 16-21.11.2021 година во Дубаи, ОАЕ им посака многу успеси и изрази желба повторно да не израдуваат со медали и добри резултати.

Целосните резултати од Државното изборно првенство за сениори можете да ги погледнете на следниот линк.